Реклама

Запленети 53 килограми марихуана, дилер лишен од слобода

Маж од село Калишта на четириесет и шест годишна возраст вчера бил приведен во близина на село Старо Лагово, Тој со своето возило не запрал на повикот на полицијаците за застане, па продолжил да вози и потоа фрлил две торби со марихуана, соопшти МВР.

Zito akcija 640x289px
marihuana

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, се вели во соопштението на МВР.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16456/gorazd-mihailov-pozitiven-na-kovid-19-temelkov-vo-sreda-na-klupata-protiv-akademija-pandev/