Полицијата уапси 23-годишен велешанец, кој вчера попладне, на главната улица „Благој Ѓорев“ нападнал три години помладо момче и му го украл мобилниот телефон.
„На 22.12.2020 во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.С.(23), постапувајќи по претходна пријава на С.С.(20) од Велес дека околу 18.00 часот додека одел накај обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ бил физички нападнат од Р.С., при што, му бил одземен мобилниот телефон“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Фото: google
Можеби ќе ве интересира: