Ана Брнабиќ премиерката на Србија го означи почетокот на вакцинирањето против коронавирусот во соседна Србија, откако прва ја прими вакцината на „Фајзер/Бионтек“ во Институтот за вирологија и вакцини „Торлак“ во главниот град Белград.
Во Србија пред два дена пристигнаа првите 4.875 дози од вакцината на „Фајзер“ и од министерството за здравство најавија дека во јануари ќе добијат уште 21.000.
Покрај нив, денеска ќе бидат вакцинирани и првите граѓани, штитеници на домовите за стари лица во Белград и Нови Сад, а од утре и во Ниш, а освен штитениците во домовите за стари лица, ќе се вакцинираат и здравствените работници.
Вакцините ќе бидат доставени во „Торлак“ од министерот за труд и член на кризниот штаб, епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.
Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.
Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.
Можеби ќе ве интересира: