Нови 592 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 17 се во Велес, каде што има и 23 оздравени пациенти. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство нема починат пациент како последица од Ковид-19.
Состојбата по градови е следна:
Скопје 259-Куманово 31-Дебар 7-Штип 8-Прилеп 30-Тетово 18-Струга 21-Велес 17-Битола 24-Охрид 28-Кавадарци 35-Гостивар 21-Гевгелија 8-Струмица 12-Крива Паланка 9-Радовиш 5-Кочани 7-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Македонски Брод 1-Пехчево 1-Берово 2-Валандово 3-Виница 4-Делчево 4-Кратово 1-Свети Николе 5-Кичево 10-Ресен 7-Неготино 12.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од:-Скопје 245-Куманово 26-Штип 28-Прилеп 76-Тетово 23-Струга 12-Велес 23-Битола 47-Охрид 13-Кавадарци 25-Гостивар 29-Гевгелија 17-Струмица 19-Крива Паланка 2-Радовиш 5-Кочани 13-Пробиштип 2-Демир Хисар 2-Македонски Брод 5-Пехчево 1-Берово 16 -Валандово 1-Виница 2-Делчево 12-Кратово 4-Свети Николе 7-Кичево 11-Ресен 7 -Неготино 18.
Досега во Македонија се направени вкупно 388.485 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.
Можеби ќе ве интересира: