23-годишно момче истепало двајца повозрасни од него во населба Превалец

Prevalec prolet-leto

За десет минути истепал двајца. Момче на 23-годишна возраст нападнал двајца повозрасни од себе во велешката населба Превалец. Инцидентите се случиле вчера попладне, кога момчето прво нападнало 58 годишен жилел на Чашка, а по десет минути нападнал и 33-годишен жител на село Сливник, јави велешката полиција.

Zito akcija 640x289px

„На 24.12.2020 во 13.50 часот на улица „Ристо Попов“, пред продажен објект во населба Превалец, Д.К.(58) од Чашка бил физички нападнат од Р.С.(23), при што, му нанел видливи повреди. Истиот ден, околу 14.00 часот на истата улица во населба Превалец, В.И.(33) од с.Сливник – велешко, бил физички нападнат од Р.С.(23)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Agria

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: