Не излегувајте надвор наутро и навечер – возухот во Велес екстремно загаден

zagaden vozduh

Граѓаните да не излегуваат надвор во утринските и вечерните часови, помалку да се користат возила, да се одложат активности на отворено. Ова се само дел од препораките на Општина Велес кон граѓаните, откако воздухот во градот два дена по ред (среда и четврток) е загаден со високи концентрации на ПМ 10 честички од над 100 микрограми на метар кубен (μg/m).

Zito akcija 640x289px

Вакви резултати покажале мерните саници на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање. Од Општина Велес велат дека среднодневните концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 23 и 24 декември 2020 година се високи и изнесувале 106,90 μg/m3, односно 109,34 μg/m3, со што е надминат прагот за информирање од 100 μg/m3.

Agria

„На граѓаните им препорачуваме да се избегнува долготрајна изложеност на отворено рано наутро и доцна навечер, да се одложат сите активности на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво, а не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, истовремено почитувајќи ги препораките за заштита од COVID-19, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков  синтетички материјал“, велат од Општина Велес.

Ова е втор пат во текот на оваа грејна созона, воздухот во Велес два дена по ред да биде загаден со ПМ 10 честички со концентрации повисоки од 100 μg/m3. Доколку има надминување на прагот на алармирање во текот на два последователни дена над 175 μg/m3, Оппштина Велес има обврска да преземе дополнителни вонредни мерки.

Image may contain: sky and outdoor

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: