Четворица пациенти повеќе од вчера се лекуваат во велешката болница поради компликации со коронавирусот. Оттаму информираат дека денеска има 40 хоспитализирани, откако бројот на пациенти вчера падна на 36. Потврдени позитивни се 29 пациенти, а 11 имаат негативни тестови, но имаар потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти.
На инфективното одделение денска има 35 пациенти хоспитализирани поради ковид-19, а на интерното одделение се лекуваат петмина.
Од почетокот на пандемијата досега во Велес се регистрирани 2669 случаи со коронавирус, од кои 2063 оздравеа, 85 ја загубија битката со вирусот, а активни се 548 случаи.
Можеби ќе ве интересира: