По завршувањето на првиот дел од домашниот фудбалски шампионат, се случија три тренерски промени. Без тренер останаа Врадар, Академија Пандев и Работнички.
Александар Васовски го напушти кормилото на Вардар, за да ја превземе Академија Пандев, која претходно се раздели со тренерот Тренчовски.
Денес и Работнички објави дека на спогодбен начин ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во пролетниот дел од првенството ќе има нов шеф на стручниот штаб.