
Новиот американски претседател Џо Бајден испрати писмо до македонскиот премиер Зоран Заев во кое Бајден се заблагодарува за честитките на претседателот на владата по повод изборот за претседател на САД.
Во писмото пишува дека Бајден очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.
Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.
Можеби ќе ве интересира:
