Граѓаните на Австрија под карантин до 26 јануари

avstrija pod karantin do 26 januyar
avstrija pod karantin do 26 januyar

Од полноќ во Австрија стапија во сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, со кои земјата повторно е во карантин, третпат оваа година.

Zito akcija 640x289px

Овој пат карантинот ќе трае еден месец, до 26 јануари, но оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, ќе може да ги напуштаат домовите надвор од пропишаните случаи уште од 18 јануари.

Agria

Со новиот карантин повторно стапи во сила целодневниот полициски час, а од дома може да се излезе за да се купуваат дневни намирници, да се оди на лекар, да се оди на работа, но и за индивидуален спорт поради одржување на менталното и физичкото здравје.

Построгите мерки предвидуваат значително намалување на контактите, така што на едно домаќинство му е дозволено да има контакт со само едно лице од друго домаќинство, а тоа значи дека дури и за Нова година нема да биде можно да се напушти куќата без оправдана причина, како и да се слави со оние кои не се членови на домаќинството.

Сите продавници, освен маркетите, аптеките, пекарите, месарниците и слично се затворени.

Исто така, до 18 јануари е во сила построг режим за влез во Австрија, кој предвидува задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: