Реклама

Дел од кафеаните работат и после 18 часот – полицијата синоќа со полни раце работа

Дваесет и четири годишниот А.М., сопственик на угостителски објект во Тетово, е лишен од слобода откако по извршена контрола било констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости.

Zito akcija 640x289px

Од полицијата известија дека испектори од СВР-Тетово, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш.

Agria

Уште еден ваков случај и за угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот.

„Во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на заразата односно не го почитувал работното време.

По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

И во Скопје се регистрирани прекршувања на одредбите за работното време на угостителските објекти.

„На 25.12.2020 во 18.55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19.00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 25.12.2020 во времето од 18.00 до 22.00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16961/ssm-gi-potsetuva-rabotodavachite-ushte-shest-dena-za-isplata-na-k-15/