Реклама

Протест на граѓаните на Кочани против загадувањето од Пејпер Мил

На жителите од Кочани им дојде преку глава од труењето на „Пејпер мил“. Денес со порадикален настап и закана дека ова е четврти и последен протест. Ако државата не го спречи загадувањето тогаш тие сами ќе ја затворат фабриката што ги труе со години. Луѓето од околните згради се жалат дека фабриката за хартија си тера по старо, а еко активиостите тврдат дека и последните две мерења  покажуваат дека таа и понатаму загадува над дозволеното. Револтот го изразија со блокада  и дефиле низ градот.

Zito akcija 640x289px

„Го охрабруваме обвинителството да донесе најстрога казна, бидејќи очигледно само парична казна на овие луѓе не им е доволна. мислам дека треба и некои условни казни да размислува обвинителство за во иднина, и да даде отчет за досегашната истрага.“

Agria

„Откако почна оваа фабрика да работи, се појавија и доста зголемени заболувања, канцерогени заболувања, се зголеми бројката на заболени со бронхопневмонии, особено во ова време на ковид криза“, истакнаа граѓаните на Кочани.

„Пејпер мил“веќе доби казна од 20.000 евра поради тоа што од фабричкиот оџак во воздухот завршувале ПМ честички и јаглероден диоксид над количините предвидени со „А“ дозволата. Според насоките од државните еколошки инспектори мора да вградат нов филтер бидејќи промената на технологијата на прочистување на воздухот не дала резултати. Но граѓаните не се убедени дека загадувањето ќе запре.

„Изгледа некои немаат слух, за загадувањето на воздухот. Имаме снимки од дрон кои го прикажуваат загадувањето, тоа е исто како да го гледате филмот Магла“, вели граѓанин на Кочани.

Со официјална претставка против загадувањето од оваа фабрика реагираше и општина Кочани. Од таму тврдеа дека „Пејпер мил“ не испочитувала уште една обврска од „А“ интегрираната дозвола. Односно иако требало да биде завршена уште лани не е изградена пречистителна станица за отпадните води со што дополнително се загадува околината.  Останува  отворено и прашањето за тоа колкави количини штетни честички вдишале жителите на Кочани бидејќи досегашните мерења на гасовите од фабричкиот оџак ги правела лабараторија што не била акредитирана за таа постапка.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16971/del-od-kafeanite-rabotat-i-posle-18-chasot-policzijata-sinoka-so-polni-racze-rabota/