Велешанка на 65 годишна возраст утрово почина од ковид-19. Таа била хоспитализирана и лекувана три дена на инфективно одделение. Таа е 86-тата жртва на коронавирусот во Велес, од почетокот на пандемијата.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница денеска е 40, од кои 31 се потврдени позитивни,3 пациенти се сомнителни и 6 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.На кислородна поддршка денеска се 16 пациенти. Четворица пациенти денеска се испишани од болница како оздравени, со по еден негативен брис.
Можеби ќе ве интересира: