Велешанец со симптоми на коронавирус лежи во велешка болница

Bolnica Veles3

Маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на коронавирусот од вчера е хоспитализиран на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Има висока температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар.

Zito akcija 640x289px

„Земен му е брис и се чекаат резултатите од лабораторијата во Скопје“, изјави за МИА докторка Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општата болница.

Agria

Таа апелира до граѓаните да не се шират лажни вести и информира дека засега во Велес нема ниту еден потврден случај на Ковид-19 и нема место за паника.

За постариот брачен пар кој се вратил од Германија за кој во јавноста се ширеа дезинформации дека се заразени од корона вирус, докторка Николовска Неделкова вели дека тие немаат симптоми на корона вирус и се вратени уште една недела во домашна самоизолација или за вкупно 14 дена, колку што е потребно да се самоизолираат.

Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес велат дека нема место за паника бидејќи нивните епидемиолошки екипи секојдневно ја следат состојбата на терен и засега нема регистрирано случај на заболен со коронавирусот.

Директорот на ЦЈЗ Велес Тони Димитриев апелира до граѓаните кои се враќаат во земјава од странство да не се јавуваат без потреба во Центарот за јавно здравје, туку да самоизолираат, со што ќе го заштитат сопственото, но и здравјето на останатите граѓани.

– Кај нас да се јават само оние кои имаат сиптоми како покачената температура, сува кашлица и отежнато дишење, а останатите кои се вратиле од странство да се придржуваат кон мерките за 14-дневна самоизолација, рече Димитриев.