Тројца велешани починаа како последица од Ковид-19, министерството за здравство регистрира вкупно 530 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа

Veles crkva
Veles crkva

Во изминатите 24 се регистрирани 530 случаи на Ковид-19, а се направени 1999 тестирања. Од нив, 14 се во Велес, каде што има и 14 оздравени пациенти. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство има тројца починати пациенти како последица од Ковид-19. Двајца пациенти починале во болницата Жан Митрев, а еден пациент е починат утрово на инфективното одделение во Велес, но веројатно министерството за здравтсво овие починати пациенти ќе ги евидентира во текот на утрешниот ден.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8,  Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од :

Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25,  Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 81425, бројката на оздравени пациенти е 58720, на починати е 2427, а бројот на активни случаи изнесува 20278.

Во Велес бројката на досега заразени граѓани изнесува 2694, а во моментов бројката на активвни пациенти заразени со Ковид-19 изнесува 526 граѓани.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: