Tренерот на Борец, Горазд Михаилов: Го пишувам ова бидејќи можеби ќе спасам некој живот и ќе допрам до оние кој што не веруваат дека вирусот не постоел

Gorazd Mihajlov 15.08.
Gorazd Mihajlov 15.08.

Тренерот и прв човек на стручниот штаб на велешки Борец се огласи на својот фејсбук профил откако пред три недели беше позитивен на Ковид-19. Михаилов вели дека борбата со Ковид-19 била тешка и 22 дена ги поминал во исчекување и секојдневен страв, нервоза, непроспиени ноќи , но и со позитивна верба дека од денес продолжува со опоравувањето.

Zito akcija 640x289px

Тој упати јавна благодарност на медицинскиот тим во тријажниот центар за Ковид-19, болницата 8 Септември во Скопје, а посебно на доктор Мелина Кузмановска Димитровска.

Agria

Но, не ја заборави неговата фамилија, неговиот клуб Борец и пријателите биле негова најголема поддршка.

„Благодарност до моја фамилија, луѓето и играчите од ФК Борец и пријателите кој во огромен број ми беа неизмерна подршка.Го пишувам ова бидејќи можеби ќе спасам некој живот и допрам до оние кој што не веруваат дека вирусот не постоел, но за жал постои и може да биде кобен, болниците полни, здравствените лица ни се вистински ХЕРОИ, поклон за нив до земја“, напиша Михаилов.

Михаилов го пишува ова бидејки се надева дека можеби ќе спаси некој живот и ќе допре до сите оние кој што не веруваат дека вирусот не постои, но за жал постои и може да биде кобен, болниците полни, здравствените лица ни се вистински ХЕРОИ, поклон за нив до земја.

Тој порача до сите да држат дистанца, да носат маски, хигиената да се подигне на највисоко ниво, и да се прекинет со одење по слави, кафани и гости.

На крајот упати апел до сите спортски работници, федерации, и клубови.

„Најдете начин за соработка, тестови, протоколи, бидејќи денес бев јас, а верувам дека во фудбалот имаше и има повеќе инфицирани но го поминаа полесно или не го потврдија, што мислам дека е крајно неетички и неморално за другите, затоа треба тестирања , протоколи за да не заврши трагично“, пишува Горазд Михаилов.

Додека Михаилов беше надвор од работните обврски, тимот на Борец го предводеше неговиот прв соработник велешанецот Ангел Темелков.

Gorazd Mihailov i Ane Temelkov

Екипата на Борец полусезоната ја заврши на шестото место со освоени 25 бода. Првенството продолжува на 14 февруари кога Борец на домашен терен на стадионот „Зоран Паунов“ ја пречекува екипата на Шкупи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: