(ВИДЕО) Кавадаречката компанија Кожувчанка донираше четири шлепери „Изворска“ за настраданите во Хрватска

Kozuvcanka donira vo Hrvatska
Kozuvcanka donira vo Hrvatska

Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ уште еднаш ја покажа хуманоста на дело. Доцна вечерва се натоварија четири шлепери со вода „изворска“ кои се донираат за настраданите во Хрватска по денешниот земјотрес. Донацијата од „Кожувчанка“ ќе се приклучи во конвојот со хуманитарна помош кој утринава ќе тргне кон настраданите подрачја во Хрватска, пренесува кавадаречко КТВ.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ истакна дека донацијата е за наши пријатели во Хрватска. Кавадарци е збратимен град со Макарска и ова е најмалку што може да се направи за нив. 

Agria

 „Општина Кавадарци заедно со советот,  на наша иницијатива, во координација со градоначалникот на Макарска, а за потребите на граѓаните на Хрватска, нашите пријатели,  испраќа четири шлепери со вода за пиење. Целата пратка е донација  од компанијата „Кожувчанка“. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот. Ова е најмалку што можеме да направиме за пријателска Хрватска“ изјави Јанчев. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: