Екипата на фудбалскиот тим Борец по завршувањето на есенскиот дел се одлучи да ја прекине соработката нивниот досегашен голман Мустафа Бурхан.
Мустафа заминува од Велес по 18 месеци престој во редовите на Борец. Пред да дојде во редовите на велешани Бурхан Мустафа во својата кариера настапуваше и за Шкупи, Еуромилк, Дрита Боговиње, Милано како и косовската екипа Феризај.
Инаку тимот на Борец во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за услугите на Лука Трајковски и Александер Борха.
Според најавите од велешкиот клуб, раководството веќе преговара и со неколку играчи како од странство така и од домашниот шампионат кои би го подигнале нивото на тимот предводен од Горазд Михајлов.
Можеби ќе ве интересира: