Градоначалникот на Велес Аце Коцевск преку две видео обраќања им ја честита Новата година на своите сограѓани, а упати и багодарност на сите поединци, институции, граѓански организации, бизнис заедницата и медиумите кои во изминатава година со своите предлози, идеи и конструктивна критика биле вистинска поддршка за Велес.
„На граѓаните им посакувам здравје, среќа и многу поуспешна и подобра 2021, од годината што изминува. Упатувам јавна благодарност до членовите на Советот на Општина Велес, до вработените во јавната администрација и во сите локални јавни установи, како и до вработените во државните институции со кои имавме одлична соработка и заеднички работевме во ваш интерес.
Посебно би сакал јавно да ги пофалам членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување и претставниците на здравствените институции, на МВР, Армијата, институциите од одбраната, ТППЕ, Црвен крст, Центарот за социјални работи, ЈКП Дервен, инспекциските служби за огромниот труд што го вложија за успешно справување со пандемијата.
Со задоволство сакам да ги пофалам сите активисти волонтери на Црвен крст Велес за огромниот труд што несебично го вложија за доставување на храна, средства за лична хигиена, лекови, медикаменти за онколошка терапија и за психосоцијалната поддршка и совети што ги даваа на социјално најранливите сограѓанки и сограѓани и за лицата за кои нема кој да се грижи.
Се разбира, најголеми пофалби и јавна благодарност во име на сите вас почитувани, упатувам до сите здравствени работници, од директори, началници, лекари специјалисти, лекари, матични лекари сестри, техничари, рентген техничари, лаборанти, болничари, возачи хигиеничарки и сите останати за се што правеа и прават за да спасат човечки животи, за грижата за нас како пациенти, ризикувајќи го своето здравје и своите животи.
Вие сте моите, нашите херои за 2020 година. Бескрајно ви благодарам“, рече Коцевски.
Погледнете ги видео пораките:
Можеби ќе ве интереисра: