Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19, соопшти Министерството за здравство.
,,Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга”, велат од министерството.
Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.
Можеби ќе ве интересира: