Православните верници ширум светот денес го одбележуваат Бадник

Badnik
Badnik

Православните верници oд целиопт свет денес го одбележуваат Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Оваа година поради пандемијата, ќе изостане вообичаеното масовна прослава на празникот пред верските храмови, а нема да има собири ниту пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Со бадниковото гранче и посната вечера, верниците внесуваат среќа, здравје и напредок во куќата во пресрет на најсреќниот христијански празник – Божиќ.

Agria

Пограварот на МОПЦ-ОС, г.г. Стефан во Божиќното послание порача дека пандемијатадокажа колку е човекот немоќен, но најстрашната пандемија, вели, е тоа што луѓето заборавија да го љубат Бога и да ги љубат луѓето.

„Состојбата која целиот свет ја преживува со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест“, вели архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: