Реклама

Доналд Трамп: На 20 јануари ќе дојде до мирно предавање на власта

Tramp

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп по синоќешните немири се огласи и вети мирно предавање на власта откако Конгресот потврди дека Џо Бајден е победник на претседателските избори во САД.

Zito akcija 640x289px

„Иако целосно не се согласувам со резултатите од изборите, а фактите ме поддржуваат, на 20 јануари ќе дојде до мирно предавање на власта, порача Трамп по што не пропушти да ги каже своите тврдења за изборна измама. Јас секогаш велев дека ќе продолжиме да се бориме со цел да се осигураме дека се бројат само легалните гласови. Со ова се става крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателствата на САД, но е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема“, се наведува во соопштението на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Agria

Претходно, „Фејсбук“ и „Твитер“ избришаа неколку објави на Трамп во кои, откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот, тој ги повтори тврдењата за украдени избори, ја нарече толпата големи патриоти и напиша дека ги сака.

Покрај тоа, „Твитер“ му забрани на Трамп 12 часа да твита и објави дека е можно трајно да му се забрани да објавува ако продолжи да поттикнува насилство. „Фејсбук“ му забрани на Трамп да објавува 24 часа.

Можеби ќе ве интересира: