Повторно се сголеми бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница. Оттаму информираат дека денеска на двете одделенија кои згрижуваат пациенти со коронавирус има вкупно 37 пациенти, од кои 26 имаат потврдени позитивни тестови, четворица се сомнителни, а седуммина имаат негативни тестови, но имаат потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. На инфективното одделение се лекуваат 36 пациенти, а на интерното одделение има само еден хоспитализиран пациент поради ковид-19.
Сепак, и покрај ова, оваа бројка е далеку од капацитетот на инфективното одделение, кое може да прими 54 пациенти, што значи дека во моментов има 18 слободни болнички кревети. Вчера во Велес беа регистрирани нови 19 случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на годината до сега вкупно 62 велешани се заразија со ковид-19, а еден пациент почина.
Од почетокот на пандемијата до денес, во Велес се регистрирани 2827 случаи со коронавирус. Од нив, 2331 се излечени, а активни се 402 слупаи. Досега починаа 94 велешани.
Можеби ќе ве интересира: