Кризата предизвиканата од Ковид-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.
Малничарите велат дека досега поскапувања на лебот и пецивата немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.
За надминување на состојбата следната недела ќе имаат средба со премиерот Заев. Ќе бараат субвенции за ланската година, но и план за враќање на производството на пченицата кај нас.Во моментов од дома се откупуваат само 65 илјади тони, или за 70% помалку отколку пред 10-15 години. Бараат и поголема контрола при увозот на евтиното српско брашно.
Можеби ќе ве интересира: