Реклама

Папата Франциск ќе прими вакцинa против коронавирусот

papata

Папата Франциск рече дека планира да прими вакцина против коронавирус на почетокот на следната недела и ги повика сите луѓе да се вакцинираат за да ги заштитат не само своите, туку и животите на сите други.

Zito akcija 640x289px

„Верувам дека е етички секој да ја прима вакцината. Тоа е морален избор бидејќи во спротивно се коцкате со вашето здравје, вашиот живот, но си играте и со животите на други луѓе“ рече Папата во интервју за италијанската телевизија Канал 5.

Agria

Спротивставувањето на вакцинацијата Папата го нарече „самоубиствено негирање“.

Ватикан, најмалата независна држава во светот, соопшти дека наскоро ќе започне сопствена кампања за вакцинирање против коронавирусот.

„Следната недела ќе започнеме со вакцинацијата во Ватикан и јас се пријавив. Тоа мора да се направи“, рече папата Франциск.

Можеби ќе ве интересира: