Кинеските власти од вчера воведоа нови ограничувања за борба против ковид-19 во областите околу Пекинг, при што речиси 4 милиони жители ќе бидат во целосен карантин една недела, порради појавата на нови случаи со коронавирус.
Бројката на нови случаи со Ковид-19 во Кина речиси е преполовен од претходниот ден, но локалните власти спроведуваат строги мерки секогаш кога ќе се појават нови случаи за да се спречи економската парализа како пред една година.
Националната здравствена комисија денеска пријави 55 нови случаи на ковид-19, во споредба со 103 од претходниот ден.
Провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, има 40 од вкупно 42 локално пренесени инфекции.
Градот Лангфанг во Хебеи соопшти дека неговите 4,9 милиони жители ќе останат во домашен карантин седум дена и ќе бидат подложени на масовно тестирање за ковид-19.
Вкупниот број потврдени случаи на ковид-19 регистрирани во континентална Кина сега е 87 591, додека бројот на смртни случаи остана 4 634.
Можеби ќе ве интересира: