
Шестгодишно девојче од Тетово го загуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската полиција. Во шест годишното девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.
„Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Увид на лице место направи јавен обвинител, а учествуваше и екипа од СВР Тетово.
Можеби ќе ве интересира:
