Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес конференција денеска во 15 часот. На неа се очекува да ги соопшти најновите информации околу состојбата со коронавирусот.
Утрово, на својот фејсбук профил, Филипче објави дека денеска до 12 часот се потврдени уште 9 случаи на заболени од коронавирус, со што вкупната бројка се искачи на 85.