Еден починат и 13 новозаразени велешани од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа. Во исто време Институтот за јавно здравје регистрира и 17 оздравени велешани. Бројот на активни случаи во Велес е 380.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти, починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177.
Можеби ќе ве интересира: