Лекот кој дава огромна надеж во лекувањето на заболените од ковид-19, конечно пристигна и во Македонија. Педесет и петгодишен велешанец кој десет дена се лекувал со „иверметкин“, кој го набавил од Грција во изјава за “Слободен печат“ вели дека лекот му го спасил животот.
Како што ни раскажа, се почнало со добивањето позитивен тест на ковид-19 и појавата на лесни симптоми, за на крај да заврши на болничко лекување со намалена сатурација во крвта.
Првиот ден ми дадоа 8 таблети, преку еден ден ми дадоа 6 таблети, исто така и петтиот ден. Понатаму ја намалуваа дозата. Претходно бев лекуван со „гарамицин“ и „сумамед“ но не се подобруваше состојбата. Имав намалена сатирација, која падна на 82. За лекот слушнав од мојата матична докторка, која ми го препорача, но ми кажа дека го нема во Македонија. Среќа, имав кој да ми го обезбеди од Грција. Сега се чуствувам добро, можам и да зборувам, претходно не можев, немав сила. Се радувам што конечно овој лек ќе го има во Македонија, бидејки не може секој да го набави од странство, ни реле согововорникот кој сакаше да остане анонимен и чиј идентите е познат на редакцијата.
Извор: sloboden pecat.mk
Moжеби ќе ве интересира: