Моето дете не е грубо и безобразно – има аутизам

dete

Таа го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува. Нема филтер.

Zito akcija 640x289px
dete

„Една од омилените работи во врска со ќерка ми, Лизи, е тоа што таа ја кажува вистината“, вели Џули Хорнок која својата приказна за нејзината, сега 18-годишна ќерка која има аутизам, ја споделила за порталот Motherly.

Agria

Работевме напорно, многу напорно, за да ја натераме нашата ќерка со аутизам, Лизи, да зборува. Поминувавме месеци и месеци на логоп, бихејвиорална терапија и работна терапија без таа да каже ниту еден препознатлив збор.

Бевме упорни, со часови скокајќи на трамболина држејќи се за раце. Јас велев „Еден, дваааа…“ и чекав Лиз да каже „три“, но само го слушав ритмичното отскокнување на нејзините нозе. Од нејзината уста не излегоа зборови, само тишина: фрустрирачка, агонизирачка тишина.

И тогаш, еден ден, таа одеднаш ја кажа најубавата верзија на зборот „три“ што некогаш сум ја слушнала – „тииии“. Бев пресреќна! Мојата ќерка конечно кажа нешто!

Мислев дека животот ќе се врати во нормала. Бев толку наивна. Потоа, нејзиниот говор прекрасно напредуваше. Во следните 3-4 години таа лесно учеше, некогаш дури и љубезно ги изразуваше своите потреби и поставуваше и одговараше на прашања. Тогаш конечно се случи и тоа – почна да ги споделува мислите. Долго сонував за тој момент кога ќе ги дознаам нејзините мисли. Веќе знаев дека нема пољубезно, понежно и поискрено суштество од мојата ќерка. Таа навистина има прекрасно срце и никому не му мисли лошо.

Но, таа ја кажува вистината, па тука се јавува проблемот.

Ние „невротипичните“ имаме различен пристап кон вистината. Ја филтрираме низ различни можни сценарија и перцепирани мислења, а потоа ја презентираме на тој начин што ќе бидеме сигурни дека ничии чувства нема да бидат повредени. Но, во светот на Лиз нема филтер. Таа го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува. Еден возрасен човек со аутизам еднаш добро го објасни ова кога побарал од луѓето да престанат да на неговите зборови да им даваат значења што тие ги немаат.

Лизи очајно сака да биде вклучена во секој разговор што се одвива околу неа. Не знае секогаш како да се вклучи, па ќе се „фати“ за што било познато што ѝ дозволува да ги вметне своите мисли. Затоа западна во неволја на часот на кој биле повеќето од одбојкарите и тренерот по одбојка од училиштето, па дискутирале за нивната лоша сезона. Лизи била возбудена бидејќи тоа ѝ било позната тема, па извикала: „Па, одбојкарскиот тим не победил во ниту една игра оваа сезона!“ Нема потреба да се нагласи дека тоа не резултирало со добар исход.

Во друга ситуација, семеен пријател ја изгуби својата работа, а неговата ќерка сподели со Лизи каде би сакала да оди на одмор. Лизи брзо ја информира: „Не можеш да одиш на одмор бидејќи татко ти нема работа и немате пари“. Во двете ситуации таа само ја кажала вистината, а со ниту еден збор не сакала да повреди нечии чувства. Но, филтерот кој ѝ недостига си функционира на поинаков начин. Понекогаш кога се обидува да сфати како функционира светот, таа поставува прашања кои луѓето ги сфаќаат погрешно. Кога се обидуваше да ја разбере бременоста, праша еден крупен човек дали е труден. Кога се обидуваше да ја разбере смртта, мислеше дека сите умираат кога ќе наполнат точно 100 години. Ги прашуваше луѓето колку години имаат и потоа сметаше кога ќе престанат да живеат и ги информираше за тоа.

Повторно, немало лоша намера во ништо од тоа – таа само собирала и споделувала информации. Не е непристојно, тоа е аутизам. Луѓето многу брзо имаат предрасуди и ги отпишуваат другите.

За Лизи да биде прифатена таква каква што е, другите треба да ги надминат нејзините зборови и да го согледаат нејзиното нежно срце. Но, зарем не треба сите да бидеме трпеливи, да не се држиме толку цврсто до кажаните зборови и да го погледнеме срцето на личноста? Зарем една погрешна работа што е кажана ги прави ужасни личности? Зарем различното мислење го прави другиот непријател?

Можеби, само можеби, ова е лекцијата на која аутизмот може да го научи светот.

Извор: majkaidete.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: