Реклама

Велешанец уапсен додека ограбувал куќа во Прилеп

Полицијата уапси 26-годишен велешанец, во моментот додека ограбувал куќа во Прилеп. Кражбата се случила синоќа околу 21 часот, кога велешанецот бил приведен, соопшти МВР.

Zito akcija 640x289px

„На 16.01.2021 во 21.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ш.В.(26) од Велес, со привремено живеалиште во Прилеп, затоа што бил затекнат при извршување разбојничка кражба во куќа, сопственост на П.Б. од Прилеп. Тој бил приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.

Agria

По целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17767/pochina-buba-mijakova-doajenot-na-veleshkoto-radio-spikerstvo/