Реклама

Шест велешани заразени со коронавирус во последното деноноќие, се намалува процентот на позитивни тестови

Covid Macedonia 2

Шест велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од 190 нови случаи со ковид-19 во земјава во последното деноноќие, кои ги регистрира Министерството за здравство. Во истиот период се направени 1530 тестирања, а нешто над 12 проценти од нив се позитивни.

Zito akcija 640x289px

Најмногу заразени има во Скопје 71, а потоа следуваат Куманово со 19, Прилеп 12, Струга 11, Кавадарци, Неготино и Кичево со по 8, Ресен 7, Велес, Штип, Тетово и Струмица со по 6, Охрид 5, Гевгелија 4, Гостивар и Дебар по 3, Делчево и Пробиштип по 2 и Битола, Кочани и Радовиш по 1.

Agria

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Од велешката болницаденеска соопштија дека починал 66-годишен пациент, кој ќе биде регистрирна во утрешниот извештај на Министерството за здравство. Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти, од кои 33 се во Велес. Досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17774/kovid-19-zema-ushte-edna-zhrtva-vo-veles/