Реклама

Значајно намален бројот на заразени од коронавирусот во последните 24 часа, двајца велешани починаа

Bolnica Veles

Двајца велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од 63 нови случаи со ковид-19 во земјава во последното деноноќие, кои ги регистрира Министерството за здравство. Во истиот период се направени и 529 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 42-Куманово 3-Тетово 2-Прилеп 2-Гостивар 1-Штип 1-Битола 1-Велес 2-Охрид 1-Струмица 2-Кавадарци 1-Неготино 1-Виница 1-Пробиштип 2-Крушево 1.

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: -Скопје 101-Штип 7-Битола 4-Охрид 22-Кавадарци 9-Струга 4-Кочани 4-Неготино 5-Дебар 7-Крива Паланка 3-Ресен 2-Радовиш 1-Берово 3-Пробиштип 2-Демир Капија 2

Досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања на Ковид -19, a вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17796/navivachkata-grupa-gemidhii-so-poddrshka-za-prviot-chovek-na-borecz-kocho-angushev/