Реклама

Триумфален настап на македонскиот стрип во Ваљево, Србија

На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево,традиционално дел од наградите отидоа кај македонски автори.

Zito akcija 640x289px

Жирито во состав Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за уметност на стрипот, Дејан Богојевиќ, мултимедијален уметник, и Ана Новаковиќ, историчарка на уметност, едногласно одлучија , во  конкуренција на стотина автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада,

Agria

·         првата награда за стрипот „Приказна за безбојното мече” им припадна на Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери, обајцата по потекло од Штип. За истиот стрип авторите  само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип салон во Велес

·         со награда се закитува и Ѓорѓи Антевски од Куманово. За стрипот „Катарза”, нему му е врачено признанието за најдобра ликовност.

·         Признание за најдобар млад автор освојува Ангела Петрушевска од Скопје, за стрипот „Приказна за животот и смртта”,

·          специјална пофалница за педагошка дејност е доделена на здружението Стрип центар на Македонија од Велес.

Како што известуваат од организаторот „Арт група Акт”, годинава гран-прито на Ваљевскиот стрип фестивал му е доделено на Душан Рељиќ. Второнаградени на конкурсот се Стефан Круниќ и Вукашин Митровиќ, а третото место е доделено на Марко Стојановиќ и Марко Серафимовиќ. Душан Вукојев е добитник на наградата за најдобро раскажување, Невена Марковиќ на онаа за најдобар цртеж, а Миодраг Кулиќ е прогласен за најдобар во категоријата сатира.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17820/angushev-bara-novo-izborno-sobranie-na-ofs-veles-vo-sprotivno-se-otkazhuva-od-borecz/