Велешанец заработил 1,5 милиони долари од пишување лажни вести за Доналд Трамп, тврди професорот Љубомир Фрчковски, кој го познавал велешанецот и вели дека е негов студент. Фрчковски дознал за имињата на велешаните кои заработиле голема сума пари пишувајќи лажни вести на сајтови за конзервативци кои го поддржуваат Доналд Трамп, од, како што рече, американска операција, која правела извештај за ова. Фрчковски вели дека всушност двајца негови студенти биле дел од групата велешани, која ширела лажни вести, од кои едниот ја заработил споменатата сума пари.
„За групата што шири лажни вести од Велес. Ние не сме направиле истражувачко новинарство, тоа се двајца мои студенти. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на Конзервативците, и тоа со две вести. Сакам да кажам колку има отсуство на самосвест за тоа што е важно во државава, на крајот што е интересно. Доаѓаат од американскава операција, четворица прават извештај, така дознав кој се сите имиња и колку пари заработиле“, вели Фрчковски.
Пред четири години, светските медиуми објавија дека веб сајтови со американски домејни, а регистрирани во Велес, за време на изборната кампања во САД ширеле лажни вести во корист на досегашниот претседател Доналд Трамп. Тогаш медиумите успеаја да стигнат и до изјави од некои од нив, во кои се споменуваа фрапантни заработки од стотици илјади долари.
Можеби ќе ве интересира: