Полицијата вчера фати 47-годишен неготинчанец, кој управувал автомобил со фалсификувана возачка дозвола.
„На 20.01.2021 околу 14.00 часот во Неготино од полициски службеници бил лишен од слобода К.Ц.(47) од Неготино бидејќи при контрола на автомобил управуван од него било констатирано дека поседувал фалсификувана возачка дозвола издадена во Р.Бугарија“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Против неготинчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: