
56-годишен жител на Лозово почина во велешката болница, како последица од компликации од ковид -19. Пациентот претходно 10 дена се лекувал на инфективното одделение во оваа болница.
Во меѓувреме, се намалува бројот на хоспитализирани во велешката болница. Таму денеска од ковид-19 се лекуваат 24 пацинети, од кои 22 имаат потврдени позитивни тестови, а двајца имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Велес со коронавирус се заразија 2970 граѓани. Од нив, 2559 пациенти се излекуваа, починаа 102 граѓани, а 309 слулаи се сеуште активни.
Можеби ќе ве интересира:
