
Почна монтажата на модуларниот ковид центар, која се наоѓа над хелиодромот на велешката болница. Оваа ковид болница ќе има капацитет да прими 45 пациенти, со што вкупниот капацитет, заедно со инфективното одделение ќе се зголеми на близу 100 болнички кревети.
Монтажата на модуларната ковид болница почна, откако претходно се завршија подготвителните работи за ископ и транспорт на земја, за пристапен пат, за приклучок на водоводна, канализациона и електрична мрежа, за кои Општина Велес вложи околу два милиони денари.
Монтажата на болницата се случува во период кога ширењето на коронавирусот стагнира, а на инфективното одделение во велешката болница секојдневно се хоспитализирани сè помал број пациенти.
Можеби ќе ве интересира:
