Реклама

Владата ги објави платите, најниската плата изнесува 65.292 илјади денари

vlada

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Премиерот Зоран Заев, кој минатиот мандат имаше помала плата од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега има најголема.

Zito akcija 640x289px

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претстедателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, велат од Владата.

Agria

Премиерт Зоран Заев има највисока нето плата. Неговата плата вкупно изнесува 87.813 денари, од кои 8.973 се за минат труд, а премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од 20%. Министерот Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74.273 денари нето плата од кои 9.303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Нешто повеќе од 68.000 денари добиваат Мила Царовска, Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа и Благој Бочварски.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65.612 односно 65.292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17947/vremenska-prognoza-3/