Пламени јазици проголтаа стара куќа во центарот на Штип. Станува збор за зградата кај штипјани позната како Старо забавиште. Дестина семејства привремено се на улица. Помеѓу нив има и мали деца. За среќа нема повредени. Огнот случајно го забележал еден од жителите на првиот кат, па сите излегле надвор. Чадиот ги разбудил и жителите од вториот кат, што има влез од спротивната страна.
Силниот ветар не им ја олеснува работата на пожарникарите иако огнот е локализиран. Спречено ширење на пожарот кон околните куќи и згради, но ќе остане дежурна екипа затоа што станува за стар објект градено со греди и дрвени подови, што го отежнува гаснењето. А подрумскиот дел и првиот кат се целосно уништени.
Од општина Штип велат дека се бара решение за сместување на семејствата кои поради ниските температури не смеаат да останат подолго време надвор.
Можеби ќе ве интересира: