Реклама

Бројките на новозаболени од ковид-19 во Велес повторно над 20

Veles most

По деновите кога имаше мал број на заболени од ковид-19 во Велес, денес повторно висока бројка. Министерството за здравство регистрира 26 новозаболени велешани во последните 24 часа. Десет велешани го победија вирусот. Бројката на активни случаи е 257.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-209, Куманово-26, Тетово-13, Прилеп-5, Гостивар-12, Штип-8, Битола-8, Велес-26, Охрид-26, Струмица-8, Кавадарци-32, Струга-11, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Ресен-1, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Делчево-16, Пробиштип-3, Виница-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-3, Демир Капија-6 и Пехчево-1.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти. Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18041/krvadariteli-od-opshtina-chashka-daruvaa-22-krvni-ediniczi/