Реклама

Бројот на ковид пациенти во велешката болница падна под 20

Bolnica Veles

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница по подолго време падна под 20. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 18 пациенти поради коронавирус, од кои 17 се со потврден позитивен тест, а еден е сомнителен. Драстично е намален и бројот на пациенти на кислородна поддршка, откако денеска само седуммина имаат потреба од тоа.

На инфективното оддление се лекуваат 16 пациенти, а двајца се сместени на интерното одделение. Од болницата велат дека денесак еден пациент е транспортиран на Клиника за Инфективни болести во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Денеска во Велес се регистрирани нови 19 случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата во овој град со коронавирус се заразија 3037 граѓани, од кои 2678 се излекуваа, а 102 починаа. Активни се се уште 257 слулаи.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18068/nema-pochinat-veleshanecz-vo-izminatite-24-chasa-kako-posledicza-od-kovid-19-brojkata-na-zarazeni-blizu-20/