![sarmaale](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/viber_image_2021-01-28_09-16-36.jpg?resize=618%2C294&ssl=1)
Услови за појава на слаб снег ќе има изутринава на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а во сабота ветерот ќе биде силен.
Можеби ќе ве интересира: