Состојбата со ковид-19 во Велес стабилна, повеќе оздравени од заразени e билансот во последните 24 часа

sarmaale
sarmaale

Состојбата со ковид-19 во Велес е стабилна. Денес се регистрирани нови 13 позитивни случаи на коронавирус, оздравени се 15 пациенти. Бројката на активни случаи се 260 а досега се имаат заразено 3.069  лица. Досега во велешко има 102 починати како последица од ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 145, Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти. Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: