Градоначалникот на Велес Аце Коцевски нема да бара нов градоначалнички мандат на локалните избори кои ќе се одржат наесен. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека немал желба да се кандидира ниту за актуелниот мандат, но анкетите покажале дека имал највисок рејтинг.
“Категорично велам дека нема да се кандидирам. Поради здравствени причини не сакав да бидам кандидат ниту пред четири години, но на внатрепартиските анкети имав највисок рејтинг, па затоа прифатив. Се надевам дека Велес ќе добие квалитетен млад градоначалник на следните избори”, рече Коцевски.
Аце Коцевски 13 години го водеше Велес. Прв пат стана градоначлник на изборите во 2000 година, а ги доби и изборите во 2005 година и беше на чело на општината до 2009 година. На следните два изборни циклуси беше кандидат, но прво, во 2009 загуби од Горан Петров, а четири години подоцна и од Славчо Чадиев.
Можеби ќе ве интересира: