Реклама

(ВИДЕО) Инцидент на денешниот протест за случајот „Монструм“

Slucaj Monstrum protest

Она што требаше да биде мирен протест се претвори во инцидент и пресметка помеѓу полицијата и демонстрантите на денешниот протест за поддршка на обвинетите во случајот „Монструм“. Демонстрантите ја каменуваа полицијата, а таа во брза интервенција ја растури толпата.

Zito akcija 640x289px

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за петкратното убиство на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. На протестот членовите на семејствата на обвинетите и нивните поддржувачи побараа спроведување на законите и неселективна правда. 

Agria

Тие се сомневаат дека обвинителството само нашла свои жртвени јагниња во обвинетите во случајот, а не дека тие и навистина се виновни. Во претходната постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Следното судско рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 3 февруари, кога одбраната треба да изнесе завршни збоорови.

Извор: Телевизија 24

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18137/fotogalerija-borecz-prodolzhi-so-treninzi-bez-trenerot-mihajlov/