Реклама

Почина пациент од британскиот сој на коронавирусот во Македонија

Британскиот сој на коронавирусот ја земал првата жртва во нашата земја, дознава Дојче веле.

Zito akcija 640x289px

Новиот сој на коронавирусот е потврден кај еден скопјанец и еден охриѓанец.

Agria

Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред четири дена.

Веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“. Токму тој пред неколку дена пред јавноста ја сподели загрижувачката вест – дека заразниот вирус, којшто навлезе во 70 земји досега, е присутен и во земјата уште пред Нова година.

Претходно британскиот сој на коронавирусот беше детектиран кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. 

Лекарите алармираат дека поради лесната преносливост постои голема можност за неколку месеци да стане доминантен и во земјава. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18167/video-prepoloven-brojot-na-soobrakajki-so-povredeni-peshaczi-vo-veles/