(ВИДЕО) Коцевски: Апелирам до Брако да ја преиспита одлуката за спонзорирање на Борец

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски го повика менаџментот на Брако да ја преиспита одлуката за повлекување од ФК Борец, барем до крајот на сезоната. Тој вели дека не му се допаднало тоа што се случувало на изборното Собрание на ОФС Велес, но смета дека тоа не треба да биде причина за носење на таква радикална одлука за откажување од финансирањето на клубот.

Zito akcija 640x289px

„Има правни основи, преку кои, согласно Статутот на ФФМ и на ОФС може евентуално да се закаже ново Собрание, се разбира, ако има повеќе кандидати од делегатите кои се заинтересирани да се повтори постапката и доколку статутот тоа го дозволува, но заради тоа да се откажат од финансирањето на фудбалскиот клуб Борец мислам дека не е добро. Пред да се донесе оваа одлука, ФК Борец се обрати со барање да помогнеме со 12 милиони денари, но ние тоа не можеме да го направиме, бидејќи тие се парите во општината. Ако тоа го направиме, треба да избришеме изградба на улици, водоводи, канализации, патишта. Со нетрпение очекувам да ја видам разврската во Борец, ние и понатаму ќе разговараме на оваа тема и се надевам дека од Брако ќе ја преиспитаат одлуката, но тој што дава пари најдобро си знае каква му е состојбата и од кои причини носи таква одлука. Лесно е од страна да гледаме и да наоѓаме мани, меѓутоа, сепак некој издвоил милион евра досега и треба особено фудбалските работници кои присуствуваа на Собранието на ОФС и воопшто сите што се во спортот да имаат поголем респект и почит кон спонзорите, зато ашто во спротивно, ќе се доведеме во ситуација да нема спорт во земјата“, рече Коцевски.

Agria

Фудбалскиот клуб Борец остана без спонзор, откако сопственикот на Брако Кочо Анѓушев пред три дена соопшти дека се повлекува, незадоволен од односнот на ФФМ и ОФС кон клубот. Во меѓувреме, ветераните на Борец договорија со Анѓушев да го преземат раководењето со клубот, кој Брако ќе им го отстапи без надомест и без долгови.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: