Реклама

Британскиот сој на корона вирус брзо се шири – во Македонија бројката се искачи на вкупно четири

Britanski soj na koronavirus

Британскиот сој на коронавирусот е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Како што објавија дел од медиумите, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на Ковид-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година. Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот. Еден е излекуван.

Agria

Надлежните здравствени власти на 27 јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, при анализа на примероци од јануари.

Од Министерството за здравство информираат дека вирусот СарсКов2 предизвикува компликации најчесто кај пациенти кои имаат и други заболувања. Досега не е докажано дека британскиот сој на вирусот има поголема смртност од досегашните мутации на вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18192/brojot-na-kovid-paczienti-vo-veleshkata-bolnicza-vo-blag-porast/